Стотици демонстранти завршија зад решетки во Мјанмар

пред 3 години

Полицијата во Мјанмар денеска уапси стотици демонстранти во најголемата акција спроведена од почетокот на протестите против воениот удар што се случи на 1 февруари.

„Дефинитивно можеме да потврдиме дека има стотици апсења“, истакнаа од Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП), пренесе Ројтерс.

Се додава дека 10 автобуси со уапсените отишле во затвор и дека во секое возило имало помеѓу 40 и 50 лица.

„Се обидуваме да ги откриеме имињата на уапсените“, додаде Здружението.

Владата на премиерката Аунг Сан Су Чи беше соборена со воен удар.

Share
Scroll to Top