(Видео) Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод

(Видео) Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод

пред 3 часа

Командата на САД за Блискиот Исток (CENTCOM) објави видео на кое се гледа како американските маринци од хеликоптер упаѓаат на товарниот брод „Тоуска“ под иранско знаме.

Видеото ги прикажува војниците како полетуваат од амфибискиот јуришен брод „УСС Триполи“, а потоа се спуштаат со јажиња до палубата на бродот и ја преземаат контролата. Американската војска вели дека го предупредила екипажот со часови однапред.

Според истите информации, бродот бил онеспособен откако разорувачот „УСС Спруанс“ отворил оган врз машинската просторија со што го запрел неговото движење.

Текстот (Видео) Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top