(Видео) Објавена снимка од првиот руски војник кому во Киев му се суди за воено злосторство

пред 3 години

Украинските медиуми објавија видео од Вадим Шишимарин (21), првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства извршени во Украина. Станува збор за 21-годишен војник од тенковската дивизија Кантемировскаја, од Московската област.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој денеска се појави пред судот во Киев, каде ќе му се суди за убиство на 62-годишен украински цивил. Му се заканува доживотна затворска казна за убиството на маж на 28 февруари во селото Чупахивка, источно од Киев.

Според обвинението, војникот во обид да им побегне на украинските војници со украден автомобил застрелал 62-годишен маж на велосипед кој зборувал на неговиот мобилен телефон.

Обвинителството не открива како бил фатен војникот, ниту подетално извести за доказите кои би укажале на воено злосторство. Истрагата ја спроведе Украинската служба за безбедност (СБУ).

Меѓународниот кривичен суд кон крајот на април објави дека ќе учествува во заеднички тим од украински, полски и летонски обвинители кои ги истражуваат наводите за воени злосторства од страна на руските сили.

Share
Scroll to Top