(Видео) Патнички авион слетува во Тел Авив додека Железната купола ги соборува ракетите на Хамас

(Видео) Патнички авион слетува во Тел Авив додека Железната купола ги соборува ракетите на Хамас

пред 2 години

Видео од патнички авион кој слета на главниот израелски аеродром додека противракетниот систем ги соборува ракетите на Хамас до него, стана вирално на интернет.

Израелската телевизија прикажа снимка од авион кој се приближува до аеродромот Бен Гурион додека противракетниот систем „Железна купола“ соборува ракети од Појасот Газа.

Повеќето меѓународни авиокомпании ги откажаа своите летови за Израел поради безбедносни причини по 7 октомври, кога започна конфликтот меѓу Израел и Хамас. Илјадници ракети од палестинската милитантна група беа лансирани на израелска територија во изминатите два месеци, вклучително и во правец на аеродромот.

И покрај тоа, израелската авиокомпанија Ел Ал продолжува да лета до и од Тел Авив.

Таа компанија пред две децении прва ги опреми патничките авиони со противракетни системи.

Текстот (Видео) Патнички авион слетува во Тел Авив додека Железната купола ги соборува ракетите на Хамас е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top