Песочна бура висока околу 100 метри, зафати град во северозападна Кина при што целиот град остана покриен со прашина.
На снимката се гледа како песокот полека го покрива градот Дунхуанг и се лизга над зградите и патиштата, пишува Би-Би-Си.
Инаку градот Дунхуанг се наоѓа на работ на пустината Гоби, која е позната по својата сурова клима.