(Видео) Пожар во близина на манастир на Света Гора

пред 4 години

На Света Гора избувна пожар во близина на манастирот Пантократор, но манастирот не е загрозен.

Пожарот, кој избувна во 11,45 часот по локално време, избувна во маслинови градини од непозната причина и се гасне од земја и од воздух од силна противпожарна единица, пренесува АНА.

Како што се наведува, гасењето на пожарот го спречува силниот ветар што дува во таа област.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и два канадери.

Share
Scroll to Top