(Видео) Познат бизнисмен изрешетан во својот дом: први снимки од местото на убиството што утрово ја потресе Бугарија

(Видео) Познат бизнисмен изрешетан во својот дом: први снимки од местото на убиството што утрово ја потресе Бугарија

пред 2 часа

Бизнисменот Илијан Филипов е убиен во неговиот дом во Пловдив, Бугарија, соопшти бугарската полиција.

Според медиумските извештаи, бизнисменот бил убиен со еден истрел во главата.

Злосторството било пријавено околу 1:00 часот по полноќ. Смртта на Филипов била констатирана на самото место.

Во истрагата учествуваат службеници од Регионалната дирекција за внатрешни работи во Пловдив и од Генералната дирекција на националната полиција. На местото на настанот има силно полициско присуство.

Медиумите известуваат дека ноќеска полицијата ги блокирала излезите од Пловдив. Пред зградата се присутни голем број полициски единици и медиумски екипи.

Напаѓачот сè уште не е уапсен, а мотивот за убиството на истакнатиот бизнисмен е непознат.

Текстот (Видео) Познат бизнисмен изрешетан во својот дом: први снимки од местото на убиството што утрово ја потресе Бугарија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top