(Видео) Полицијата во Србија приведе маж, тој ја отвори другата врата од автомобилот и избега

(Видео) Полицијата во Србија приведе маж, тој ја отвори другата врата од автомобилот и избега

пред 4 часа

🔴Најновите вести за изборите во Србија следете ги ОВДЕ.

Полицијата во Нов Белград привела маж кој се обидел да блокира автобус, но тој успеал да излезе од службеното возило низ другата врата и да избега, објави „Нова.рс“.

Инцидентот се случил кај Стари Меркатор, откако автобус со непознати лица застанал пред седиштето на Српската напредна партија (СНС). По пристигнувањето на автобусот, граѓани ја блокирале раскрсницата, по што полицијата привела еден од нив.

Додека полицајците го внесувале мажот во службениот автомобил, собраните граѓани протестирале и барале тој да биде пуштен. Во тој момент, приведениот ја отворил другата врата од возилото и излегол. На снимката од настанот се гледа дека полицајците не тргнале по него.

Организацијата „Зборови Земун“, споделувајќи ја снимката, навела дека мажот протестирал поради сомнежи за фантомски гласачи, по што полицијата се обидела да го приведе. Од здружението „Еко стража“, пак, тврдат дека лицата од автобусот по инцидентот биле однесени до избирачки места и седиштето на СНС.

Сличен инцидент и минатата година

Сличен случај се случил и минатата година, за време на протест во Блок 4 во Нов Белград. Тогаш полицајци го внеле активистот Срѓан Марковиќ во службено возило, но тој излегол низ другата врата додека тие разговарале со насобраните граѓани.

Марковиќ подоцна за телевизијата Нова изјавил дека немал намера да избега, туку излегол за да разговара со полицаец поради недоразбирање, кое, како што рекол, на крајот било разрешено.

Текстот (Видео) Полицијата во Србија приведе маж, тој ја отвори другата врата од автомобилот и избега е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top