(Видео) Полицијата се’ уште трага по напаѓачите по пукањето во кафулето во Белград

(Видео) Полицијата се’ уште трага по напаѓачите по пукањето во кафулето во Белград

пред 6 месеци

Пет лица беа ранети во пукање во кафуле во белградската населба Вишњичка бања, а едно лице е во животна опасност. Напаѓачите, кои пристигнале со бело комбе, влегле во локалот и отвориле оган по гостите.

Повредените – две жени и три мажи – се пренесени во Ургентниот центар. Полицијата покрена акција и сè уште трага по сторителите, јавува „Н1“.

Очевидци раскажаа дека на автобуската станица во близина имало голем број деца кои се разбегале уплашени, а пристигнувањето на итната помош се чекало долго. Жителите потсетуваат дека веќе подолг период имаат проблеми со навивачки групи во оваа населба.

Текстот (Видео) Полицијата се’ уште трага по напаѓачите по пукањето во кафулето во Белград е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top