(Видео) Поранешен израелски премиер: Ние ги изградивме бункерите под болницата „Ал Шифа“

(Видео) Поранешен израелски премиер: Ние ги изградивме бункерите под болницата „Ал Шифа“

пред 5 месеци

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак предизвика контроверзии кога изјави за Кристијане Аманпур на Си-ен-ен дека Израел помогнал да се изградат некои подземни простори под болницата „Ал Шифа“ во Газа. За време на интервјуто Барак рече дека бункерите што ги користел Хамас за терористички активности првично биле „изградени од израелски градежници“.

„Кога рековте дека се изградени од израелски инженери, дали се изразивте погрешно?“, го праша изненадено Аманпур.

„Не, не, знаете, пред неколку децении го водевме местото… па им помогнавме… им помогнавме да ги изградат тие бункери за да овозможат повеќе простор за стоката на болницата“, одговори Барак. Аманпур призна дека коментарот на Барак ја оставил „малку збунета“.

„Тајмс оф Израел“ објави дека видеото е широко распространето на интернет и е претставено од израелските критичари како доказ дека Израел лаже оти Хамас гради тунели под „Ал Шифа“ и го користи медицинскиот комплекс за да се заштити од напади.

Израелските власти тврдеа дека Хамас првично го присвоил подрумот на болницата – изграден од Израел кога сè уште владеел со Газа – и дека терористичката група оттогаш ископала уште неколку ката и додала тунели за да го направи местото центар на својот огромен подземен лавиринт.

Текстот (Видео) Поранешен израелски премиер: Ние ги изградивме бункерите под болницата „Ал Шифа“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top