Туристички брод под име „Големиот шеф“, кој бил на дневно крстарење во близина на познатото турско одморалиште Мармарис, почнал да се полни со вода и за кратко време целосно потонал во близина на Рајскиот Остров. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат.
Како што се наведува во писменото соопштение на гувернерот на областа Мугла, веднаш по пријавата за потонување на бродот, на кој се наоѓале вкупно 148 лица (120 возрасни, 20 деца и 8 членови на екипажот), спасувачките тимови биле брзо мобилизирани и упатени на терен.
Експресна евакуација без жртви и повредени
Благодарение на брзата координација на професионалните спасувачки служби и солидарноста на околните пловни објекти кои веднаш пристигнале на помош, избегната е огромна трагедија.
Сите патници и членови на екипажот биле навремено и безбедно евакуирани од бродот и успешно префрлени на копно.
Драматични снимки на социјалните мрежи
Инцидентот предизвика големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија аматерски видеоснимки од самата несреќа.
На драматичните кадри јасно се гледаат моментите на паника каде што големиот туристички брод опасно се наведнува на едната страна, пред за неколку минути целосно да исчезне под површината на водата.
: Tourist Boat Carrying 110 People Sinks Off Marmaris Coast; All Evacuated Safely
A tourist boat on a daily tour sank in Akvaryum Bay near Marmaris, southwestern Turkey (Muğla province), after suddenly taking on water due to a technical malfunction.
All 110 passengers and… pic.twitter.com/SyV1i4AhvT
— World In Last 24hr (@world24x7hr) May 29, 2026
Надлежните органи веќе започнаа официјална истрага за да се утврди дали технички дефект или човечка грешка довеле до несреќата.
Текстот (Видео) Потона туристички брод кај Мармарис, успешно евакуирани сите 148 патници и членови на екипажот е превземен од МАКФАКС.




