Жена во Салвадор, која била осудена на 30 години затвор за абортус, пуштена е на слобода.
Според светските медиуми, таа е уапсена во 2012 година, кога имала 20 години и кога била пренесена во болница поради крварењето за кое тврди дека го добило откако паднала дома.
VIDEO: Sara Rogel, sentenced to three decades in prison for undergoing an abortion, leaves Zacatecoluca Penal Center in El Salvador after almost nine years behind bars pic.twitter.com/BV4IF6WQSJ
— AFP News Agency (@AFP) June 9, 2021
Сепак, беше откриено дека ја прекинала бременоста, со што ги прекршила строгите правила за абортус и била осудена за убиство, пренесува Би-Би-Си.
Во јануари годинава, казната и беше изменета на 10 години затвор, а сега е пуштена на условна казна.