Првата дама на Бразил Јања Лула да Силва го нападна мултимилијардерот Илон Маск на настан пред самитот на Г20 во Рио де Жанеиро.
Додека промовираше построга регулација на социјалните мрежи на панел за дезинформации, таа беше прекината од силен звук што звучеше како бродска сирена.
„Мислам дека тоа е Илон Маск. Не се плашам од тебе“, рече сопругата на бразилскиот претседател и упати псовка кон Маск.
Janja da Silva, Lula’s wife, just said “fuck you, @elonmusk” during the G20 Social panel. This is the “tolerant” left. pic.twitter.com/lphpxHiFgb
— Nikolas Ferreira (@nikolas_dm) November 16, 2024
Маск го сподели видеото на X, додаде два емотикони со плачење и напиша „ќе ги загуби следните избори“, очигледно мислејќи на Работничката партија на претседателот Луис Инасио Лула да Силва.
Текстот (Видео) Првата дама на Бразил упати псовка кон Илон Маск: Не се плашам од тебе е превземен од МАКФАКС.