(Видео) Приврзаниците на Трамп ги пробија полициските барикади и влегоа во зградата на Конгресот

пред 4 години

Во Конгресот на САД денеска започна седницата на која треба да се потврди Џо Бајден за претседател, последниот чин пред неговата инаугурација на 20 јануари.

Но, илјадници приврзаници на актуелниот американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска пред приврзаниците изјави дека никогаш нема да го признае поразот, се собраа во Вашингтон и започна жесток протест.

Ситуацијата на Капитол Хил ескалираше. Заедничката седница на двата дома на Конгресот беше прекината откако демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот.

На снимки се гледа како демонстрантите ја пробиваат привремената бариера поставена пред денешните настани.

„Фокс њуз“ објави дека се евакуирани двете згради на Конгресот поради извештаи за бомби. Забележани се и неколку сомнителни пакети.

Share
Scroll to Top