(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

пред 3 години

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се собраа на плоштадот Република во Љубљана, Словенија.

Тие ја критикуваа владата и побараа од министрите да поднесат оставка. По два часа, тие запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон Собранието на Словенија, објави Н1 Словенија.

Демонстрантите имаа две барања: промена на мерките за борба против Ковид-19 во препораки и предвремени избори.

Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но едно непознато лице фрли шише кон еден од полицајците што го обезбедуваа собирот по што почнаа инцидентите.

„Кога играме фудбал, Виоле и Грин драгонс се на спротивни страни, а кога станува збор за Словенија, тие се заедно“, рече еден демонстрант, потврдувајќи ги наводите дека двете најголеми навивачки групи во оваа земја учествуваат на протестот.

Share
Scroll to Top