Хрватите најдоцна до декември ќе патуваат во САД без визи

пред 3 години

Укинувањето на визите за хрватските граѓани кои патуваат во САД е првенствено силна политичка порака, која ќе се прелее во подобри економски односи меѓу двете земји, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Во отворениот дел од владината седница, Пленковиќ рече дека хрватските граѓани ќе можат да патуваат во САД без визи најдоцна до 1 декември.

„ Тоа е силен сигнал за партнерство и ново ниво на односи со САД. Тоа е порака дека Хрватска, како партнер, ги исполнила сите критериуми. Ова е, пред се, важна политичка порака. Ова сигурно ќе се прелее во подобри економски односи меѓу Хрватска и САД“ порача Пленковиќ.

Share
Scroll to Top