(Видео) Протести против националното затворање во Англија, уапсени повеќе од 100 лица

пред 3 години

Полицијата поради кршење на националните мерки во центарот на Лондон уапси повеќе од 100 лица во протестите против затворањето поради епидемијата на коронавирус, а студентите во Манчестер протестираа поради оградата во кампусот.

„Не може да има изговор за луѓето кои опасно ги кршат мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот“, рече командантот на лондонската градска полиција Џејн Конорс. Илјадници луѓе се собраа во Лондон на протест.

Демонстрантите излегоа на улиците на британската престолнина во четвртокот, извикувајќи „слобода“. Во Манчестер студентите луто протестираа дека се затворени во нивните студентски домови.

Во четвртокот вечерта, студентите ги срушија оградите подигнати околу нивниот кампус на Универзитетот во Манчестер, поставени како „безбедносни мерки“ за да се спречат контактите на студентите од различни делови на кампусот.

Мерката не им беше објаснета на студентите пред поставувањето на оградите.

Универзитетот, наводно, издал извинување најавувајќи дека оградите ќе бидат отстранети.

Делумното затворање во Англија беше воведено во четвртокот, што значи дека луѓето не смеат да ги напуштаат своите домови четири недели освен ако одат на работа или на лекар.

Share
Scroll to Top