(Видео) Си-Ен-Ен: Руски војници убиваат невооружени цивили и им пукаат во грб

пред 2 години

Си-Ен-Ен објави видео од надзорните камери на кое се гледа како руски војници пукаат во грб на двајца невооружени цивили во предградието на Киев.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Убиени се цивили, а украинските обвинители го сметаат настанот од видеото за воено злосторство.

Жртвите се идентификувани, едната е сопственик на автосалон, чиј идентитет не се соопштува, додека другата жртва е Леонид Олексијевиќ Пљац, 68-годишен дедо кој работел во автосалонот како чувар. Неговата ќерка Јулија рече дека не може да го гледа видеото, но дека ќе го зачува за да им покаже на децата „да не забораваат какви биле руските окупатори“.

– Снимките од надзорните камери го забележаа првиот обид да се заземе Киев во март. Борбите на главниот пат до главниот град беа жестоки додека украинските сили се бореа со руските војници и тенкови за да го запрат рускиот напредок.

Но, она што се случи пред салонот за автомобили на 16 март не беше тепачка меѓу војници, па дури ни војници и вооружени цивили – пишува Си-Ен-Ен, кој го потврди објавеното видео.

На видеото се гледаат пет војници кои доаѓаат во автосалонот. Потоа се обидуваат да упаднат во деловни објекти, пукајќи во брави и кршејќи стакло. Сопственикот им пришол со кренати раце, а руските војници застанале и го претресувале.

После тоа војниците се свртеле, цивилите тргнале кон автосалонот по што им било пукано во грб, пишува Си-ен-ен.

Share
Scroll to Top