Група демонстранти се обидоа да упаднат во бугарското Народно собранието, за време на протестите против воведувањето на ковид-сертификатите.
На протестите во организавија на партијата „Преродба“ дојде до судир со полицијата и има неколку повредени демонстранти и полицајци.
Полицискиот кордон поставен пред зградата на парламентот беше пробиен, пишуваат бугарските медиуми.
Демонстрантите тргнале кон влезот скандирајќи „Оставка“, тропале по прозорците и вратите и се обиделе да влезат во собраниската зграда.
Приведени се неколку лица.