Ученик кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени за време на инцидентот.
Пукањето се случило во средното училиште Остин-Исток-Магнет, по што еден полицаец возвратил на огнот и бил ранет.
Полицијата го пронашла ученикот во училишниот тоалет и му наредила да излезе, но тој одбил и започнал да пука, пренесуваат агенциите.
Студентите кои не биле вклучени во инцидентот биле ослободени и пуштени дома, пренесуваат американските медиуми.
Полицијата веднаш ги предупреди луѓето да ја избегнуваат областа околу местото на пукањето. Бејзбол-теренот зад училиштето беше обезбеден како место каде што родителите можеа да дојдат да ги земат учениците.
Градоначалничката на Ноксвил, Индија Кикенон, изјави дека го посетила ранетиот полицаец.
„Тој е во свесна состојба. Ја видов и неговата сопруга, ќе биде добро “, рече таа и додаде дека ќе мора да оди на операција.
Бројни екипи на брзата помош биле на самото место на настанот.