(Видео) Пукање во Лондон: има повредени, меѓу нив и дете

(Видео) Пукање во Лондон: има повредени, меѓу нив и дете

пред 2 години

Тројца возрасни и едно дете, кое е во тешка состојба, се ранети во пукотница што синоќа се случила во близина на ресторан во североисточниот дел на Лондон.

Би-би-си јавува дека полицијата примила повик од улицата Кингсленд во Далстон околу 21.20 часот откога таму биле испукани истрели.

„На местото на пукањето дојдоа полицајци, меѓу кои и специјалисти за огнено оружје, како и лондонската брза помош“, соопштија од полицијата на британската престолнина.

Се вели дека четири лица добиле прострелни рани и се пренесени во болница во источен Лондон.

Во полициското соопштение пишува дека детето сѐ уште е во тешка состојба, а се очекуваат дополнителни детали за состојбата на другите жртви во престрелката.

Се наведува дека засега никој не е уапсен и дека сѐ уште се утврдуваат околностите на инцидентот.

Текстот (Видео) Пукање во Лондон: има повредени, меѓу нив и дете е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top