(Видео) Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

(Видео) Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

пред 2 месеци

Голем пожар избувна денес во центарот на Белград, во паркот „Кирил и Методиј“, познат како „Чациленд“, а според снимките од местото на настанот, густ црн чад се издига над центарот на градот.

Според првичните информации, пожарот зафатил шатор поставен пред зградата на Српското народно собрание.

За пожарот пред пред Српското народно собрание во паркот, објави и опозициската политичарка Мариника Тепиќ.

Таа вели дека најпрвин се слушнало пукање по што избувнал пожар.

На почетокот на видеото се гледа како еден човек куца, како да е ранет, по што неколку полицајци трчаат кон шаторите и се слушаат истрели.

Полицајците го повикувале напаѓачот да го фрли оружјето. Фрли го оружјето“, вика еден од нив, а во заднина се слушаат наредби: „Легни, легни“.

Сите полицајци се засолниле и набргу потоа пожарот почнал. Едно лице излегло од шаторот и легнало на земјата.

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди за порталот „Нова.рс“ дека пожарот пријавен во 10.17 часот во меѓувреме е локализиран.

Пожарникарите и полицијата сè уште се на терен, а причината за пожарот ќе се утврди со истрага.

Српската радиотелевизија (РТС) неофицијално објави дека причина за пожарот е боца со гас.

Белградската полиција го уапсила В. А. под сомнение дека ранил маж во паркот „Пионирски“, извести „Телеграф.рс“.

Неофицијално, тие додаваат дека еден маж е ранет во ногата.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top