(Видео) Работник во Англија остана заробен на покрив што гори, го спаси оператор со кран

(Видео) Работник во Англија остана заробен на покрив што гори, го спаси оператор со кран

пред 10 месеци

Работник кој се спасува со помош на кран може да се види на драматичното видео кое се појави на социјалните мрежи. Работник остана заробен на покривот покрај запален облакодер во Ридинг, Англија.

Пожарот избувнал утрово и бил изгаснат во текот на денот. Операторот на кранот, кој со брза реакција го спасил работникот, вели дека „за влакно“ ја избегнале несреќата.

„Погледнав низ прозорецот на кранот и видов човек на работ на зградата од левата страна“, рекол Глен Едвардс (65), а пренесува „Скај њуз“.

„За влакно избегнавме несреќа. Имаше силен ветер. Се обидов да го спуштам кафезот меѓу него и пламенот, но ветерот постојано ме попречува. На крајот успеав“, додаде тој.

Текстот (Видео) Работник во Англија остана заробен на покрив што гори, го спаси оператор со кран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top