(Видео) Работниците бараа повисоки плати за 2 долари пред куќата на Џеф Безос

пред 4 години

Актуелни и поранешни работници на американскиот гигант за онлајн шопинг „Амазон“ и активисти за работнички права организираа мал протест пред вилата на основачот на „Амазон“ и извршен директор Џеф Безос, вреден 165 милиони долари, во Беверли Хилс, Калифорнија.

Тие бараа повисоки плати за работниците во „Амазон“, подобри бенефиции и построга заштита при работа во магацините на компанијата, пред се од инфекција со коронавирус.

Стотици поранешни работници и активисти дојдоа во раскошниот имот што Безос го купи на почетокот на оваа година од познатиот основач на издавачката куќа „Гефен Рекордс“ и филмското студио „Дрим Воркс“, Дејвид Гефен.

Протестот го организираше здружението „Конгрес на работниците од суштинско значење“, основан од поранешен работник во „Амазон“, Кристијан Смолс, кој беше отпуштен во март откако зборуваше против условите за работа и организираше протести пред магацин на Стејтн Ајленд, каде што работел.

Иако „Амазон“ тврди дека тој е отпуштен бидејќи со протестот ги прекршил нивните мерки за карантин, сепак, внатрешен документ, кој во меѓувреме протече во јавноста, а кој го напишал адвокатот на компанијата, Дејвид Заполски, го опишува смолс како црнец кој „не е паметен ниту добро артикулира“. Во документот се препорачува Смолс да биде главна цел на борбата на „Амазон“ против синдикалната организација на нејзините работници.

Демонстрантите го извикуваа името на Безос и паролите „без правда нема мир“ и „ако не го добиеме, ја затворивме (компанијата)“. Во говорот на протестот, Смолс ги повика луѓето да ја откажат претплатата на услугата за стриминг на „Амазон Прајм“ во знак на солидарност со работниците.

„ Не ви треба Џеф Безос. Ние му требаме на него. Ние го направивме најбогатиот човек на светот”, им рече Смолс на работниците.

Барањата на демонстрантите вклучуваат бесплатна грижа за децата на работниците, здравствено осигурување и удели за работниците, минимална плата од 30 долари на час и затворање на магацините каде избувна инфекцијата со Ковид-19.

Share
Scroll to Top