(Видео) Разбојник со мачета нападна работник во продавница, тој се одбрани со хокејарска палка

(Видео) Разбојник со мачета нападна работник во продавница, тој се одбрани со хокејарска палка

пред 5 часа

Вработен во продавница во Велика Британија се одбранил со хокејарска палка од маскиран разбојник кој го нападнал со мачета. Инцидентот се случил на 4 јули во 9:10 часот наутро во продавницата „Crest Mini Market“, а бил снимен од надзорна камера, пренесува „Телеграф“.

На снимката се гледа како работникот му се спротивставува на напаѓачот со качулка, кој му се заканува со мачета кај касата. Откако вработениот замавнал со палката, двајцата почнале да се борат преку пултот.

Разбојникот потоа се повлекол пред пултот, а работникот продолжил да го удира. Во тој момент се активирал и безбедносниот систем со чад, по што напаѓачот побегнал со шише вотка.

Вработениот не бил повреден во нападот.

Истрага и апел до јавноста

Детективот Томас Лоу од полицијата во Нотингемшир изјавил дека полицијата е решена да го пронајде сторителот. Тој додал дека се надеваат оти препознатливата тетоважа на левата рака на напаѓачот ќе помогне во неговата идентификација.

Организацијата „Crimestoppers“ нуди награда до 5.000 фунти, односно околу 5.837 евра, за информација што ќе доведе до апсење и осуда на сторителот.

Лидија Патсалидес од организацијата упатила апел до јавноста.

„Ова беше застрашувачко искуство за човек кој само си ја вршел работата, и тоа во продавница која е важна за локалната заедница“, изјавила Патсалидес.

„Знаеме дека овој настан ги вознемири жителите и луѓето кои работат во соседството. Некој во тој крај сигурно знае кој го направил ова.“

„Можеби сте виделе нешто тоа утро или сте слушнале нешто подоцна. Можеби се сомневате во некого што го познавате. Токму тетоважата би можела да биде деталот што ќе ви го освежи сеќавањето. Каква и информација да имате, не мора да ја задржите за себе“, порача таа.

Текстот (Видео) Разбојник со мачета нападна работник во продавница, тој се одбрани со хокејарска палка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top