Албанскиот премиер Еди Рама ја одликува германската канцеларка Ангела Меркел со орден „Ѕвезда на благодарноста“, како високо државно признание.
„Данке Ангела! Особено задоволство ми е да Ве одликувам, во име на Албанија, со медалот ‘Ѕвезда на благодарноста’ како јавно признание“, напиша албанскиот премиер на социјалните мрежи, каде објави и видео од примопредавањето на ова одликување.