(Видео) Расте бројот на жртви во Чернигов

пред 3 години

Бројот на загинати во денешното гранатирање на градот Чернигов на северот на Украина достигна 22 лица, соопштија од украинската служба за итни случаи.

Телата на најмалку 22 цивили се извлечени од урнатините по руските воздушни напади, се вели во соопштението.

Претходно, гувернерот на Чернигов изјави дека најмалку девет лица загинале, а четворица се ранети по воздушни напади врз две училишта и приватни домови.

Share
Scroll to Top