(Видео) Републиканец ја критикува администрацијата: Министерка на Трамп потроши милиони на реклама во која таа јава коњ

(Видео) Републиканец ја критикува администрацијата: Министерка на Трамп потроши милиони на реклама во која таа јава коњ

пред 3 часа

Републиканскиот сенатор Том Тилис остро ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите во средината на мандатот. Тој делумно ја префрли вината за изборниот неуспех врз поранешната министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, и министерот за одбрана, Пит Хегсет, наведувајќи дека тие немаат капацитет да раководат со толку големи и сложени институции.

Во разговор со новинарката на Си-Ен-Ен, Кејтлан Колинс, Тилис истакна дека не постои една единствена причина поради која републиканците изгубиле места во Конгресот, и дека секој што тврди поинаку – греши.

„Треба да се прегрупираме и да се подготвиме за 2028 година. А нема да бидеме подготвени ако се обидеме повторно да ги спроведеме политиките кои – според мене – беа добронамерни, но лошо реализирани во текот на изминатите 18 месеци“, изјави Тилис.

Сенаторот од Северна Каролина, кој наскоро треба да се повлече од политиката, и во минатото често јавно ги критикуваше Трамп и неговата администрација.

„Што постигна Кристи Ноем?“
Тој беше особено остар во критиките кон поранешната секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, тврдејќи дека нејзиниот мандат не донел никакви резултати. „Не гледам ниту една работа од годината што Кристи Ноем ја помина на функцијата, која – дури и со многу добра волја – би можела да се опише како успех“, рече тој.

Потоа наведе конкретни примери за нејзините постапки што ги смета за особено проблематични. „Што постигна таа? Рекламна кампања вредна 220 милиони долари во која таа јава коњ? Луѓе загинаа во Минеаполис бидејќи таа постави несоодветно обучени поединци во ужасни ситуации. Па, ајде де, ве молам“, рече Тилис.

Во 60-секундниот рекламен спот, снимен минатиот октомври, се гледа Кристи Ноем со каубојска шапка како јава коњ пред споменикот „Маунт Рашмор“. „Зошто ги сакам овие огромни, отворени простори? Тие ме потсетуваат зошто нашите предци дошле овде. Не само поради убавината, туку и поради слободата што ја нуди само Америка“, вели Ноем.

Текстот (Видео) Републиканец ја критикува администрацијата: Министерка на Трамп потроши милиони на реклама во која таа јава коњ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top