(Видео) Русите масовно го нападнаа Киев со дронови: погодени станбени блокови, куќи…

(Видео) Русите масовно го нападнаа Киев со дронови: погодени станбени блокови, куќи…

пред 5 месеци

Главниот град на Украина, Киев рано утринава беше изложен на масовен напад од руски беспилотни летала, при што градоначалникот Виталиј Кличко и други официјални лица пријавија напади на неколку станбени области.

Тој пријавил и напад со дрон врз приватна куќа во областа Дарнички на источниот брег на реката Днепар, која минува низ градот. Едно лице е повредено, а екипа на Итна помош е на терен.

Шефот на воената администрација на Киев, Сергиј Попко, извести дека остатоците од соборениот дрон погодиле станбена зграда во областа Холосивски, исто така јужно од центарот на градот.

Попко објави слики на кои се гледаат скршени прозорци и големи оштетувања на становите.

Текстот (Видео) Русите масовно го нападнаа Киев со дронови: погодени станбени блокови, куќи… е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top