(Видео) Русите објавија снимка од уништувањето на подземен бункер со суперсоничен проектил

пред 3 години

Руската армија денеска објави дека за првпат употребила суперсонични ракети во Украина, среде глобалната трка за набавка на вакво оружје, кое рускиот претседател Владимир Путин го нарекува непобедливо.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави:

„На 18 март авионскиот систем ‘Кинжал’ со своите суперсонични балистички проектили уништи голем подземен склад со ракети и муниција на украинските воздухопловни сили кај местото Дељатин, во областа на Ивано-Франковск, во западна Украина“.

Видеото беше објавено и на „Твитер“. Го објави руското Министерство за одбрана, а на него е прикажано, како што се вели, уништувањето на украинскиот подземен бункер.

Русија претходно не пријави употреба на оваа балистичка ракета во двата конфликта во кои беше вклучена – во Украина и Сирија. Од првото успешно тестирање во 2018 година, „Кинжал“ беше користен неколку пати како дел од воените вежби.

„Веројатно сакале да го тестираат ‘Кинжал’ во борбени услови, за прв пат во светот“, изјави за АФП, Василиј Кашин, воен аналитичар и директор на истражувачкиот центар на Московската школа за економија.

Официјална Москва тврди дека овој тип проектили е предизвик за системите за противвоздушна одбрана бидејќи неговата брзина е до 10 маха или околу 12.000 км/ч, па затоа неговата маневрска способност го отежнува или оневозможува пресретнувањето, иако некои западни воени експерти изјавија дека Русија претерува кога ги опишува можностите на ова оружје воздух-земја.

Share
Scroll to Top