Кличко: Киев ќе претрпи иста количина бомби како Мариупол и Харков

пред 2 години

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека очекува главниот град да се справи со истите постојани бомбардирања како во Мариупол и Харков, градови кои беа опколени од руските сили.

Потсетуваме дека денеска е 23-ти ден од руската инвазија на Украина. Повеќе од 700 цивили, вклучително и 52 деца, се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија пред три недели, соопштија претставници на ОН, велејќи дека „вистинската бројка е веројатно многу поголема“.

Во Киев е гранатиран станбен кварт во областа Подил. Се уште не се познати податоци за бројот на жртвите и штетите.

Share
Scroll to Top