(Видео) Русија: Два нафтени резервоари во пламен по украински напад со дрон

(Видео) Русија: Два нафтени резервоари во пламен по украински напад со дрон

пред 2 часа

Два резервоари за складирање нафта се запалиле во руското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај, по украински напад со дрон, соопшти денеска регионалниот штаб за вонредни состојби.

Пожарот зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри, пренесува Интерфакс.

Во гаснењето учествувале 70 лица, меѓу кои и припадници на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Русија за Краснодарскиот крај.

Според првичните информации, нема жртви, додаде оперативниот штаб.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили во текот на ноќта собориле 141 украински дрон над руската територија.

„Од 23:00 часот по московско време на 24 декември до 7:00 часот по московско време на 25 декември, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 141 украинско беспилотно летало со фиксни крила“, се наведува во соопштението, кое го пренесува РИА Новости.

Како што се наведува, 62 дрона биле уништени во Брјанската област, 12 во Тулската, 11 во Калушката, а девет во Московската област.

Дополнително, осум дрона биле соборени во Адигеја, седум во Краснодарскиот крај, по шест на Крим и во Ростовската област, по пет во Белгородската и Воронешката област, како и над Азовското Море.

Четири дрона биле уништени во Курската област, а еден во Волгоградската област, соопшти министерството.

Фото: pexels

Текстот (Видео) Русија: Два нафтени резервоари во пламен по украински напад со дрон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top