(Видео) Русија објави видео од повлекувањето на војниците – САД тврдат дека тоа е лага

пред 2 години

Руското Министерство за одбрана објави видео на кое се гледа како војниците и воената опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази на трајно распоредување по завршувањето на вежбите.

Руското Министерство соопшти дека тенковите и оклопните возила ќе поминат околу 1.000 километри со железница, пренесува „Ројтерс“.

Западните земји вчера предупредија за зголеменото руско воено присуство на границите на Украина, што, како што тврдат, е спротивно на инсистирањето на Москва за повлекување на војниците.

САД не веруваат во тврдењето на Русија за повлекување на војниците од украинската граница и се сомневаат дека Москва го зголемила своето присуство за дури 7.000 војници, изјави висок претставник на администрацијата на Бајден.

„ Вчера руската влада објави дека ги повлекува војниците од границата со Украина. Но, сега знаеме дека тоа е лажно тврдење “, изјави функционерот на новинарите, без да даде дополнителни детали или докази.

Високиот функционер, исто така, наведува дека Русија јавно тврдела дека се занимава со дипломатија и дека има тврдења за „деескалација“ додека „приватно се мобилизира за војна“.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека руските сили се повлекуваат по одржувањето воени вежби во близина на Украина и објави видео на кое се гледа како силите го напуштаат полуостровот Крим.

Share
Scroll to Top