(Видео) Русија објави снимка од морнарите од потонатиот брод Москва

пред 2 години

Шефот на руската морнарица, адмиралот Николај Евменов, се сретна со членовите на екипажот на потонатиот крстосувач Москва, пренесе агенцијата Тасс.

Украина тврди дека ја погодила Москва со противбродски ракети Нептун и со тоа предизвикала потонување на командниот брод на руската Црноморска флота. Русија продолжува да инсистира дека имало експлозија на муниција на бродот предизвикана од пожар.

Соединетите Држави ја поддржаа украинската верзија на приказната. Висок претставник на американското Министерство за одбрана изјави дека веруваат дека две украински ракети Нептун погодиле руски воен брод во Црното Море.

Share
Scroll to Top