Руското Министерство за одбрана соопшти дека големиот десантен брод „Новочеркаск“ бил оштетен во пристаништето Феодосија на Крим при одбивање напад на украинските вооружени сили.
„При одбивање на нападот на вооружените сили на Украина со ракети управувани од авион врз базата Феодосија оштетен е големиот десантен брод ‘Новочеркаск’. Системите за противвоздушна одбрана уништија два непријателски тактички авиона ‘су-24’ во реонот на населбата Жовтен, кои лансираа ракети со воздушно наведување“, соопшти руското Министерство, пренесува „РИА новости“.
A large landing ship Novocherkassk was destroyed in Crimea https://t.co/jV0wIisjTh pic.twitter.com/sgwNudHETE
— Slava (@Heroiam_Slava) December 26, 2023
Лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов, рано утринава објави дека украинските сили извршиле напад на пристаништето во Феодосија, што резултирало со експлозија и пожар.
Тој подоцна објави дека едно лице загинало, а две се повредени.
Текстот (Видео) Русија призна голем пораз на Крим, оштетен моќен брод на флотата на Путин е превземен од МАКФАКС.