(Видео) Рускиот нуклеарен гигант се врати во морето по 30 години

(Видео) Рускиот нуклеарен гигант се врати во морето по 30 години

пред 10 часа

По речиси три децении во бродоградилиштето, рускиот нуклеарен борбен брод „Адмирал Нахимов“ повторно плови под сопствен погон. Ова е клучен момент за руската морнарица бидејќи гигантот од 28.000 тони последен пат пловел во 1997 година, а сега, по години поправки и модернизација, се подготвува да ја преземе улогата на предводник на руската флота, објавува The War Zone.

Бродот почна со фабрички морски проби, потврдија руските државни медиуми, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како „Адмирал Нахимов“ плови во Белото Море.

Според новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор, претседателот Владимир Путин веќе е информиран за почетокот на тестовите. Овој потег доаѓа откога двата нуклеарни реактора на бродот беа рестартирани претходно оваа година исполнувајќи го планот за почнување на пробите ова лето.

„Адмирал Нахимов“, првично наречен „Калинин“, е дел од класата воени бродови на проектот „1144.2 Орлан“, попозната на Запад како класа „Киров“. Влезе во употреба во Северната флота во 1988 година и е закотвен на суво пристаниште во бродоградилиштето „Севмаш“ од 1997 година. Иако беше во процес на поправки, сериозните работи за модернизација почнаа дури во 2014 година.

Првично закажан за завршување во 2018 година, рокот беше поместен неколкупати – првин до 2019 година, потоа до 2020, 2021, 2023 година и, конечно, до 2024 година.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Рускиот нуклеарен гигант се врати во морето по 30 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top