(Видео) Седум лица убиени во напад со нож во Кина, полицаец го запре напаѓачот со метла

пред 3 години

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе се повредени во нападот што се случи вчера во североисточна Кина.

Полицијата уапси еден човек под сомнение дека прободел десетици луѓе со нож. Нападот се случил во градот Каихуан во провинцијата Лајонинг, пренесува „Си-ен-ен“.

Видеото објавено од „Пекинг њуз“ на кинеските социјални мрежи покажува како двајца полицајци, од кои едниот носи метла, му се спротивставуваат на напаѓачот.

Не беше соопштен мотивот за нападот, како ни детали за жртвите. Кинеските медиуми јавуваат дека бил повреден и полицаецoт кој помогнал да се совлада напаѓачот.

 

Share
Scroll to Top