(Видео) Се урна дел од глечер, се стравува дека има 150 мртви

пред 4 години

Се стравува дека околу 150 лица загинале во Индија кога се урнал дел од глечерот на Хималаите и удрил во брана, предизвикувајќи поплави. Морало да се евакуира локалното население од северот на оваа земја.

„Точниот број на мртви сè уште не е потврден, но се плашиме дека има меѓу 100 и 150 мртви“, изјави локалната полиција за Ројтерс. Очевидец рече дека видел ѕид од прашина, камења и вода, кога лавина се втурнала низ долината во реката.

„Сè се случи многу брзо, немаше време некој да биде информиран. И мислев дека таа маса ќе ме однесе”, изјави за Ројтерс Санџај Синг Рана, кој живее во селото Рајни. Жителите стравуваат дека биле убиени луѓе кои работеле на изградба на блиска хидроцентрала, како и луѓе од блиското село кои воделе добиток кон реката.

„Немаме идеја колку луѓе навистина исчезнаа“, додаде Рана.

На социјалните мрежи се појави видео од водата што носи делови од браната и сè што е пред неа.

Share
Scroll to Top