(Видео) Се урна украински Су-24, загинаа двајцата членови на екипажот

(Видео) Се урна украински Су-24, загинаа двајцата членови на екипажот

пред 7 часа

Украински бомбардер Су-24 се урна вчера во регионот Хмелницки, при што загинаа пилотот и навигаторот, соопштија украинските воздухопловни сили.

Несреќата се случила околу 19 часот додека извршувал мисија во централно-западниот дел од регионот Хмелницки. Авионот извршувал мисија со пилотот и навигаторот на бомбардерот Су-24 од 7-та тактичка авијациска бригада.

Воздухопловната база Старокостјантинов, се наоѓа во регионот Хмелницки, во која е стационирана 7. тактичка воздухопловна бригада. Причината и околностите за падот на авионот моментално се истражуваат. Спасувачките служби и полицијата работат на местото на несреќата, а според достапните информации, немало цивилни жртви.

Текстот (Видео) Се урна украински Су-24, загинаа двајцата членови на екипажот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top