(Видео) Силно невреме во Полска – 100.000 луѓе се без струја, а откорнати се покриви на 200 куќи

пред 3 години

Во последните неколку дена, Полска беше погодена од невреме што предизвика поплави и голема материјална штета.

„ Противпожарните служби излегоа на терен повеќе од пет илјади пати низ целата земја во петокот вечерта и рано во саботата“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Искршени се покривите на околу 200 куќи, претежно во покраината Лоѓ, која беше особено сериозно погодена. Голем број луѓе мораа да испумпуваат вода од подрумите. Повеќе од 100.000 луѓе беа привремено без електрична енергија.

Пет извиднички кампови поради претпазливост се евакуирани, откако дете било повредено од гранка.

Share
Scroll to Top