(Видео) Силно невреме направи хаос во Германија – откорнати дрвја, уништени покриви, откажани летови

пред 3 години

Невремето Иленија во текот на ноќта ја погоди Германија, особено северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви на куќи. Откажани се бројни летови, а во неколку сојузни држави е прекинат и железничкиот сообраќај.

Германската метеоролошка служба се до вечерва издаде црвени предупредувања за северот на земјата, а најавуваат и можност за торнадо.

Во текот на ноќта силен ветер од над 100 км/ч ја зафати земјата, особено на север, во централните делови и на истокот. Во планините Харц е измерен удар на ветер од 152 км/ч.

Противпожарната бригада на Берлин утринава прогласи вонредна состојба поради невремето по повеќе од 100 интервенции.

„ Од 2 часот по полноќ има нагло зголемување на операциите поврзани со невремето“, соопштија од бригадата.

Неколку доброволни противпожарни бригади се повикани да ја поддржат професионалната противпожарна станица. Во Ликтерфелде дрвја паднаа врз паркирани автомобили, а ветрот го однесе светлосниот столб.

Ветерот уништи и шатор на место за тестирање во Северна Рајна Вестфалија, но за среќа нема повредени, соопштија пожарникарите. Најголем проблем има во Хамбург, каде беше поплавен познатиот пазар, а во областа Ајмсбутел ветрот откорна дрво пред паб.

Невремето предизвика големи штети и во Долна Саксонија и Бремен. На автопатот кај Вестоверлединген, возач на камион удрил во паднато дрво, но, за среќа, не е повреден.

Невремето го зафати и железничкиот и воздушниот сообраќај. Паднатите дрвја го попречија движењето на возовите. Како мерка на претпазливост, Луфтханза откажа 20 летови. На патниците им се препорачува да го проверат статусот на нивниот лет на веб-страницата на авиокомпанијата. Според операторот, врските со Берлин, Хамбург и Минхен биле погодени во Франкфурт.