Словенечкиот опозициски пратеник Андреј Хојвик денес се качи на покривот на Народното собрание во Љубљана, обраќајќи им се на минувачите и заканувајќи се дека ќе скокне.
Додека беше на покривот, Хојвик рече дека не осудува никого, вклучително и словенечкиот премиер Роберт Голоб, но дека „она што го прават на оваа земја не е добро“.
Пожарникари по некое време го симнаа Хојвик од покривот.
„Тој сега е безбеден и е однесен на пружање медицинска помош“, изјавија од Народното собрание во Љубљана за агенцијата СТА.
Други детали за инцидентот не се познати, а мотивот за неговите постапки засега е непознат.
Пратеникот беше отворен противник на владиниот закон за пензиски бонуси за наградувани уметници, кој беше отфрлен претходно овој месец на референдум инициран од СДС.
Текстот (Видео) Словенечки политичар се качи на покривот на Парламентот, се закани дека ќе се самоубие е превземен од МАКФАКС.