(Видео) Снимена е голема битка меѓу руски хеликоптер и украински дрон на небото над Курск

(Видео) Снимена е голема битка меѓу руски хеликоптер и украински дрон на небото над Курск

пред 1 година

Украинско беспилотно летало собори руски хеликоптер, што се верува дека е првиот досега забележан успешен целен напад од беспилотно летало врз авион со екипаж.

Снимката објавена од Вооружените сили на Украина во средата покажува неодреден тип беспилотно летало, кое цели кон роторот на опашката на нападниот хеликоптер „ми-28“ – „хавок“ на руските воздухопловни сили наводно над рускиот регион Курск.

Украинските сили наводно собориле уште најмалку два руски хеликоптера (уште еден „ми-28“ и „камов ка-52“ – „хокум-Б“) во истата област и приближно во исто време, но не е јасно дали станува збор за истите беспилотни летала.

Текстот (Видео) Снимена е голема битка меѓу руски хеликоптер и украински дрон на небото над Курск е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top