(Видео) Снимка на брутална тортура од врсници го шокираше Балканот

пред 3 години

Видеото со ужасното насилство од врсниците објавено на интернет го шокираше целиот Балкан.

Видеото, кое брзо се прошири низ мрежите, а за кое се тврди дека е направено во Бар, покажува силеџија кој брутално малтретира млад човек за кој би се рекло дека е малку помлад од напаѓачот.

Најпрво со сета сила го удира по лицето, а потоа брутално го крева од земја и продолжува да го малтретира и тепа.

Во исто време, како што може да се види на видеото, жртвата речиси неподвижно ги прима ударите цело време и не се обидува да се одбрани.

Share
Scroll to Top