(Видео) Сопругата на убиениот Чарли Кирк за последните моменти со него: „Не го бакнав за збогум“

(Видео) Сопругата на убиениот Чарли Кирк за последните моменти со него: „Не го бакнав за збогум“

пред 6 часа

Ерика Кирк, сопруга на убиениот американски активист Чарли Кирк, во емотивно интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за нивните последни моменти пред убиството во септември, за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута Вали.

Таа се присети дека последната ноќ била мирна и семејна, кога нивната ќерка Џиџи им се придружила во креветот, па Чарли заминал да спие во друга соба.

„Му реков: „Оди спиј во нејзината соба, сакам добро да се наспиеш. Ќе го вклучам клима уредот за да ти биде удобно. Само одмори се, за да бидеш подготвен утре.“

Утредента, тој влегол во тоалетот тивко, ја зел бурмата и не ја разбудил по што заминал.

„Ниту го бакнав за збогум“, изјави Ерика со треперлив глас.

Ерика често е под лупа на јавноста, а во истото интервју им одговари на критичарите кои го анализираат секој нејзин потег. Нејзината реакција дојде откако прегратката со потпретседателот Џ.Д. Венс беше опишана како несоодветна на социјалните мрежи.

„Камерите беа околу мојот сопруг кога беше убиен. Камерите беа околу моите ожалостени пријатели и семејство. Камерите беа околу мене, анализирајќи го секој мој потег, анализирајќи ја секоја моја насмевка, секоја моја солза“, рече таа.

Текстот (Видео) Сопругата на убиениот Чарли Кирк за последните моменти со него: „Не го бакнав за збогум“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top