(Видео) Со експлозив оштетени три полски супермаркети во Холандија

пред 3 години

Експлозивната направа била активирана пред продавница со полски производи во холандскиот град Бевервијк, соопшти полицијата, што е трет ваков напад во последните 24 часа.

Нема повредени и жртви, но материјалната штета е голема, соопшти полицијата.

Тоа е трета експлозија пред полските продавници, по оние во вторникот наутро во Алсмер на север и Хертогенбош на југоисток од земјата.

Засега не се познати сторителите и нивните мотиви.

Двете продавници се во сопственост на лице кое не е со полско потекло.

Share
Scroll to Top