Со огномет и полни улици жителите на Њујорк го прославија укинувањето на мерките против коронавирус. Во изјава за американските медиуми дел од нив велат „Можеме да се вратиме во нормален живот“.
Дека Њујорк ќе ги укине последните ограничувања воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, откако повеќе од 70% од возрасната популација беше вакцинирана, најави и гувернерот Ендру Куомо.
„Ова е важна пресвртница и ќе се обидеме да сториме повеќе“, рече Куомо, додавајќи дека државата Њујорк ќе продолжи да ги охрабрува луѓето да се вакцинираат,
Fireworks to mark the end of the COVID-19 restrictions in New York State and honor frontline workers are seen with the Statue of Liberty in New York City. https://t.co/BJqMW3nkHd
?: @vuralelibol pic.twitter.com/uut8ZjQgtx
— Anadolu Images (@anadoluimages) June 16, 2021
Гувернерот синоќа ги изненади жителите на Њујорк со ненајавен огномет по повод достигнувањето на важен праг во процесот на имунизација.