(Видео) Спортски авион во Флорида се урна врз автомобил во кој биле мајка и син

пред 3 години

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога мал авион се заби во автомобил во станбен блок на Флорида во близина на аеродромот вчера околу 15 часот.

Удри како бомба, изјави сведок на вчерашната трагедија во Флорида.

Околу 15 часот, мал авион удрил во џип. Три лица загинаа, од кои едното е дете. И двајцата патници во авионот починале и детето кое било во автомобилот со неговата мајка. Мајката на детето е повредена. Таа е хоспитализирана и е во тешка состојба, пренесува cbs.

Несреќата се случила кратко време откако авионот полетал од аеродромот Норт Пери во градот Пемброк Пинс. Авионот пресекол далновод и потоа се урнал во станбена област.

Тој се забил во автомобил пред да се лизне во оградата и да се запали.

„Јас живеам овде. Шетам со бебињата секој ден. Авионот можеше да нè убие сите. Во шок сум“, рече сведокот.

Не е познато што ја предизвикало несреќата, но портпаролот на Противпожарната служба на Пемброк Пинс изјави дека се пријавени можни проблеми со моторот.

Несреќата ја испитуваат Федералната администрација за авијација и Националниот одбор за безбедност на сообраќајот.

Share
Scroll to Top