(Видео) Спор меѓу Унгарија и Украина поради големи суми пари пренесени во кеш

(Видео) Спор меѓу Унгарија и Украина поради големи суми пари пренесени во кеш

пред 17 часа

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на социјалната мрежа Икс упати нова порака до украинските власти, барајќи објаснување за големите суми готовина кои, како што тврди, биле пренесени преку Унгарија.

„Сè уште чекаме одговор: зошто преку Унгарија биле пренесени 900 милиони долари и 420 милиони евра во готовина? За што биле користени тие пари и во чиј интерес? Колкав дел е потрошен во Унгарија и во чија корист?“, напиша Сијарто.

Оваа објава доаѓа по инцидент кој дополнително ги заостри односите меѓу Будимпешта и Киев. Унгарските власти претходно соопштија дека протеруваат седум вработени во украинска банка, кои биле приведени додека со возила за транспорт на готовина пренесувале 80 милиони долари и девет килограми злато кон Украина.

Унгарската даночна управа наведе дека лицата биле приведени под сомнение за перење пари, додека украинската страна тврди дека станувало збор за редовен банкарски транспорт.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја обвини Будимпешта дека ја задржала групата како „заложници“ и дека ги присвоила парите, додека Сијарто постави прашање зошто толку големи суми се пренесуваат во готовина ако станува збор за банкарска трансакција.

Случајот се случува во време кога односите меѓу Унгарија и Украина се веќе сериозно нарушени поради спорот за руската нафта и транзитот преку нафтоводот „Дружба“, како и поради блокирањето од страна на Виктор Орбан на пакетот помош од Европската Унија за Украина вреден 90 милијарди евра.

Во новата објава Сијарто повторно го отвора прашањето за уште поголеми суми и бара одговор кој и зошто пренесувал 900 милиони долари и 420 милиони евра во готовина преку Унгарија и кому му служеле тие пари.

Текстот (Видео) Спор меѓу Унгарија и Украина поради големи суми пари пренесени во кеш е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top