Стотици цистерни со бензин се уништени во голем пожар на границата меѓу Авганистан и Иран, соопштија властите.
Седумнаесет лица, од кои еден во критична состојба, се префрлени во регионална болница во близина на пограничниот град Ислам Кала во авганистанската провинција Херат, соопштија полициските и здравствените власти.
Вкупниот број на жртви сè уште не е познат, со оглед дека службите за итни случаи мора да бидат на безбедно растојание од страв од нова експлозија.
Претставник на граничната полиција за новинската агенција ДПА изјави дека цистерна експлодирала од засега непознати причини и предизвикала верижна реакција. Пожарот уништил околу 400 камиони.
Експлозија, пламен и голем облак од црн чад се гледаат на сликите од местото на настанот.